Амал Хусеин, седумгодишното девојче од Јемен чија фотографија од насловната страница на „Њујорк тајмс“ стана симбол на страдањето во оваа земја, почина од последиците на глад и неухранетост.
Девојчето страдало од сериозна хронична неухранетост, а истиот момент стана симбол на бруталната војна која милион луѓе доведе до работ на преживување.
Мајката на Амал, Мариам Али вели дека срцето ѝ е скршено.
„Амал секогаш се смееше. Сега сум загрижена за останатите деца“, рече нејзината мајка.
Вели дека Амал починала 10 дена по приемот во болница.
Јемен во 2012 година стана бојно поле во војната меѓу сунитите од Саудиска Арабија, кои го поддржува јеменската влада и шиитите од Иран, кои имаат поддршка од шиитските бунтовници.
Меѓутоа во 2015 година насилството дојде до критичната точка кога коалицијата на Саудиска Арабија го бомбардираше ова подрачје, при што голем број луѓе настрадаа, и беше разорен голем дел од земјата.