Меркел во Варшава: И репарациите на преговарачка маса

185
Прага – Во време кога Германија често е мета на напади од страна на претставници на полското државно раководство, кенцеларката Ангела Меркел со членови на својата влада пристигна во посета на Варшава.
Како што се соопштува, полскиот премиер Моравецки и германската канцеларка Меркел ја осудиле Русија за анексијата на полуостровот Крим во 2014 година. Меркел и Моравецки исто така разговараа за гасоводот Северен поток кој ги заобиколува Украина, Полска и балтичките држави и ќе доставува гас во Германија преку Балтичкото Море, што е во директна спротивност со интересите на Полска.
Меркел рече дека Германија купува терминал за течен природен гас, а полските медиуми објавија дека и американскиот претседател Трамп врши пшритисок врз Русија во врска со гасоводот. Оценувајќи го Брегзит како еден од главните предизвици за ЕУ, Моравецки рече во интерес на Полска и Германија е Велика Британија да оддржува силни политички и економски врски со ЕУ и по „разводот” идната година.
Посочувајќи на проблемите околу Брегзит, германската канцеларка ја истакна заложбата за брз договор меѓу двете страни.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...