Твитер избриша илјадници лажни профили, кои повикуваат на бојкот на изборите

356

Од социјалната мрежа Твитер се избришани над 10 000 лажни профили, од кои автоматски биле праќани пораки со повици за бојкот на изборите за американскиот Конгрес, што ќе се одржат во вторник .

Лажните профили сугерираат дека наводните корисници се припадници на Демократската партија. Претходно, токму Демократите ја предупредија компанијата Твитер дека има огормен број пораки праќани од лажни профили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...