Марио Сегал, човекот по кој е крстен херојот на видеоиграта „Супер Марио“, почина на 84-годишна возраст, соопшти Би-Би-Си.
Сегал беше успешен имотен предприемач во Вашингтон. Пред 80-тите години тој го рента еден од своите складишта на „Нинтендо Америка“, кои решаваат да го крстат по него јунакот од тогашната видеоигра.
На почетокот Супер Марио се води како „Џампмен“ (човек скокач), но „Нинтендо“ се решија да му дадат пореалистичко име.
Сегал има сопруга, четири деца и девет внуци. Многу често играта „Супер Марио“ е посочена како најуспешната на сите времиња.