Холивудската ѕвезда Џони Деп ќе глуми славен воен фотограф во претстојното биографско остварување „Минамета“, а филмот делумно ќе биде сниман и во Србија.
Продукцијата на филмот за легендарниот фотограф, кој разоткрил труење со жива на жителите на јапонскиот град Минамата предизвикано преку испуштање на тешки метали од хемиска фабрика на компанијата „Чишо“, почна во Јапонија, пред да се пресели во Србија во јануари.