САД повторно со санкции кон Иран

59

Американските власти најавија дека од понеделник повторно ќе стапат во сила санкциите кон Иран, кои претходно беа укинати со потпишувањето на нуклеарниот договор во 2015 година. Техеран порача дека не е загрижен и дека САД нема да може да спроведат никакви мерки против Иран.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави дека од понеделник повторно ќе ги воведат сите санкции кон Иран, кои претходно беа укинати, порачаа државниот секретар, Мајк Помпео, и министерот за финансии, Стивен Мнучин.

Санкциите се однесуваат на транспортот, финасискиот и енергетскиот сектор. Тие го претставија вториот пакет санкции од кога Трамп се повлече од договорот со Иран во мај оваа година.

САД најавија дека ќе се казнуваат и државите што не престануваат со увозот на иранска нафта, како и странски компании што работат со ирански компании на таканаречената црна листа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...