По 17 години војна, врховниот американски командант во Авганистан, генерал Остин Скот Милер изјави дека талибанците не можат да бидат поразени.
– Војната во Авганистан не може да заврши по воен пат и мирот може да се постигне единствено со политичка резолуција со талибанците. Оваа војна нема да заврши по воен пат. Ова мора да биде политичко решение – изјави американскиот генерал задолжен за операциите на САД и НАТО.
Генерал Милер додаде и дека талибанците се уморни од борбите и најверојатно се подготвени да почнат мировни преговори по 17 години војна.
Американската инвазија на Авганистан почна во октомври 2001 година.
Фото: МИА