Лузните открија дека Меган имала операција за „совршени нозе“

621
epa06521807 Meghan Markle during a visit to Edinburgh Castle, in Edinburgh, Britain, 13 February 2018. Britain's Prince Harry and his fiancee Meghan Markle are on their first official joint visit to Scotland. EPA-EFE/ROBERT PERRY

Меган Маркл со сопругот принцот Хари во моментот се во официјална посета на регионот Океанија, а во претходните 16 дена ги посетија Австралија, Фиџи, Тонго… Дизајнерите задоволно ги тријат рацете, имајќи предвид дека стилот на војвотката од Сасекс на оваа турнеја беше под внимателната лупа на јавноста, а е оценет со највисоки оценки и секаде можеа да се слушнат само пофалби.

Но, дури и кога е боса и со традиционални обележја на домаќините, за Меган се пишува… При една од официјалните посети на Нов Зеланд, Меган ги соблекла чевлите за да ја испочитува традицијата на домаќините.

Убавата 37-годишна војвотка морало да си соблече високите потпетици, а сите камери и фотоапарати се насочиле токму на стапалата, па тие станаа вест на денот во Британија.

Тие се распишаа за нејзините стапала посочувајќи го примерот на она „што им се случува на жените кога постојано носат високи потпетици“ и акцентирајќи дека Меган има лузна на левото стапало, за која претпоставуваат дека е последица на отстранувањето на коските, што е многу болна процедура, бидејќи вклучува кршење на коската.

ФОТО/НАСЛОВНА: EPA/ROBERT PERRY

ФОТО: Профимедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...