Приватни пораки на 81.000 лица од „Фејбук“ се достапни онлајн

204

Лични податоци на 257.000 корисници на „Фејсбук“, вклучувајќи и приватни пораки на 81.000 корисници, се достапни „онлајн“ од почетокот на септември, а наводно биле дистрибуирани од руски хакери, јави Би-Би-Си на руски јазик.

Податоците биле објавени на „онлајн“ форум од хакери, кои тврдат дека имаат пристап до лични податоци на 120 милиони кориснички налози и нудат на продажба еден профил за 10 центи, објави Би-Би-Си.

Медиумот тврди дека контактирал со петмина корисници од Москва, Белгород и Перм, кои потврдиле дека разговорите кои се достапни на интернет, навистина се нивни приватни пораки од „Фејсбук“.

Анализата, која ја спроведе британската компанија за кибернетичка сигурност Дигитал шедовс пронашла 12 илјади од 257 илјади корисници во Русија и 47 илјади корисници кои рекле дека се од Украина.

До платформата на која се појавиле податоците или која била создадена да се појават таму, водат руски линкови, покажа истрагата на Би-Би-Си. Таа е поврзана со ИП адреса во Санкт Петербург, тврди Би-Би-Си.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...