Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека се труди да зборува вистина секогаш кога може и покрај тоа како го претставуваат медиумите.
– Се трудам. Сакам секогаш да ја кажам вистината. Кога можам, зборувам вистина – изјави Трамп за Еј-Би-Си.
Трамп е често изложен на критики на американски медиуми и противници дека лаже или извртува вистина во врска со одделни работи.
– Понекогаш се случува нешто поинакво да се случило или променило. Но, секогаш сакам да ја зборувам вистината – рече Трамп.
Политифакт, агенција на непрофитниот Институт на Појнтер на 11 странички објави лажни изјави на американскиот претседател.
ФОТО: EPA-EFE / MICHAEL REYNOLDS