Славната фитнес инструкторка Менди Бланк пронајдена мртва во домот во Лос Анџелес

278

Славната фитнес инструкторка Менди Бланк (42), која тренираше многу холивудски ѕвезди, е пронајдена мртва во својот дом во Лос Анџелес.

Нејзиното безживотно тело го пронашла куќната помошничка во кадата. Смртта е потврдена на самото место, веднаш откако стасала итната помош, откри неименуван извор.

Се дознава дека покрај неа не се пронајдени ниту алкохол, ниту какви било опојни средства и дека ништо не укажувало на насилна смрт, односно злосторство. Причината за смртта сè уште не е позната, а ќе биде утврдена по обдукцијата и токсиколошките анализи.

Менди го освои Светското првенство на Меѓународната федерација за бодибилдинг и фитнес (ИФББ) во 1999. година и така стана најмлада натпреварувачка на која тоа и успеало.

Подоцна станува успешен тренер, а во својата кариера работела со ѕвезди како што се Мики Рурк, Мет Ле Бланк, Алекс Родригез, Џеред Лето и многу други,

Во текот на успешната кариера таа беше и на многу насловни страници, како во  магазините „Ајрон“ и „Масл“.

-Навистина сум шокирана. Се допишувавме минатата недела – рекла нејзината пријателка Анет Милберс.

Фото: Принтскрин Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...