Апликација со која се следи здравјето на севернокорејскиот лидер, презентираше јужнокорејското разузнавање

461
ФОТО: EPA-EFE-KCNA

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја пред пратениците презентираше компјутерска програма која го анализира здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Службата за разузнавање развила посебна програма, која врз основа на анализа на видео-слики создава посебен тридимензионален модел, следење и анализирање на промените во изгледот на објектот. Веќе неколку години, со таа програма се следи здравјето на Ким, соопшти пред новинарите претставник на јужнокорејската парламентарна комисија за прашања од сферата на разузнавањето.

Пратеникот информира дека според податоците од разузнавачките служби Ким Џонг-ун е „релативно здрав”, и покрај неговата прекумерна тежина и наследни ризици од висок крвен притисок и дијабетес.

ФОТО: EPA EFE / KCNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...