Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на премиерот Џузепе Конте и заминува во Италија,која се смета за земја од ЕУ што може да помогне во затоплување на односите меѓу Москва и Брисел.
Италијанскиот премиер Конте, кој ја предводи десничарската влада, при посетата на Москва минатиот месец му упатил покана на Путин што побргу да дојде во Рим. Од Кремљ денеска соопштија дека го подготвуваат дневниот ред на посетата.
Русија е подготвена за развој на односите со Италија во надеж за укинување на санкциите на ЕУ, кои и се наметнати на Русија по анксијата на Крим во 2014.
Во Русија работат околу 500 италијански компании , кои се жалат дека имаат големи проблеми , поради што Конте минатиот месец во Москва изјави дека санкциите мора да се укинат.
Фото: EPA/MICHAEL KLIMENTYEV