Програмерот Небојша С. (30) денеска во Белград убил свој поранешен колега и ранил двајца, по што се разнел со бомба, јавија српските медиуми.
Убиецот пред неколку дена добил отказ во софтверската фирма „Стопански советник за информациски технологии“, а денеска се вратил таму, прво ја поздравил колешката и ладнокрвно се качил на катот. Потоа влегол во една канцеларија каде имало состанок, па директно во глава застрелал еден колега, продолжил да пука, при што ранил уште еден маж, а еден од вработените за да се спаси скокнал од прозорец од висина од седум метри, при што задобил тешки повреди. Кога ги слушнале истрелите, другите вработени се заклучиле во своите канцеларии.
Потоа убиецот се вратил во својот стан, кој е блиску до фирмата чие седиште е на улицата Рузвелтова, па се обидел да се самоубие со рачна бомба која ја активирал. Полицијата го пронашла и тој бил пренесен на ургентен центар за реанимација. Во експлозијата е направена штета на неговиот стан.