Специјална единица за лов на хомосексуалци формирале танзанските власти

103

Дар Ес Салама, најбогататиот град и покраина во Танзанија формираше единица за откривање хомосексуалци. Таа ќе почне со работа идната седмица, соопшти гувернерот на областа, Пол Маконда.

Припадниците на таа посебна единица ќе имаат задача, на пример, да ги следат друштвените мрежи со цел да се уапсат тие кои живеат во истополови заедници.

Хомосексуалноста во Танзанија е казнива, земјата е постојано критикувана од меѓународната заедница. Формирањето на оваа единица се очекува да предизвика многу негативни реакции.

– Повеќе сакам светот да ми се лути, отколку Бог – истакнува Маконда.

Тој додава и дека оваа борба освен тоа, ќе значи и строги казни за порнографија.

– Ги предупредувам луѓето да ги избришат сите порно-фотографии од своите мобилни телефони – нагласи гувернерот.

Во таа насока, затворени се и клиниките за лекување од ХИВ, оти властите ги обвинуваат тие лица за промовирање на хомосексуалноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...