Најдобри инхалатори за деца и возрасни за домашна употреба

3525

Успешноста на аеросол терапијата зависи од тоа како лекот циркулира низ дишните патишта, степенот на искористливост на лекот, големините и бројот на честичките од растворениот лек и протокот на дишење. Затоа, кога купувате инхалатор за домашна употреба, внимавајте да биде од врвен квалитет, како што е ихалаторот InnoSpire Essence од реномираната марка Philips, и инхалаторот дизајниран специјално за деца – Sami the Seal.

Инхалаторот Philips InnoSpire Essence е погоден за професионална употреба во болниците или за домашна употреба. Благодарение на SideStream аеросол – технологијата, се обезбедува побрза терапија, поголема употребливост на дисперзираниот лек и значително зголемен проток на дишење. На тој начин, терапијата се прима за двојно пократко време, а примената на лекот е брза и ефикасна.

Со помош на врвниот ихалатор InnoSpire Essence, искористливоста на лекот е 80 отсто, додека кај стандардните инхалатори искористливоста се движи од 30 до 50 отсто. Поради двојниот „Вентури“ ефект, овој инхалатор овозможува големина на честичките од лекот да е помала од 5 μm, па така тие допираат не само до горните дишни патишта, туку и до белодробните алвеоли, односно долните дишни патишта. Ова е од огромно значење, бидејќи честичките поголеми од 5 μm немаат терапевтско дејство. Дополнително, зголемениот проток на дишење за 140 отсто во споредба со стандардните инхалатори,овозможува поголем број честички да стигнат до белите дробови и полесна апсорпција на лекот во респираторниот систем.

Времетраење на инхалацијата е многу кратко, само 5 минути. Инхалаторот Philips InnoSpire Essence има гаранција од 3 години.

Sami the Seal – совршен за деца

Sami the Seal, инхалаторот наменет за деца, од врвната марка Philips, има форма на фока и дизајн прилагоден за најмалите и најмилите – децата.

Погоден е за константна употреба во болница или дома. Единствената Side Stream аеросол технологија обезбедува брза терапија, поголема искористливост на лекот и значително зголемен дишен проток, во споредба со стандардните инхалатори. Детската маска во форма на желка има вентил дизајниран за да го намали таложењето на аеросол во пределот околу очите.

Третманот е брз и многу ефикасен, потребни се само шест минути за инхалација, додека кај стандардните инхалатори терапијата трае од 15 до 20 минути. Дополнително, овој инхалатор за деца има вградена заштита од прегревање.

Предностите на Sami the Seal од Philips се во двојно пократкото време за терапија, брзата и ефикасна примена на лекот, искористливост на лекот до 80 отсто (додека кај стандардните инхалатори таа е од 30 до 50 отсто), двоен Вентури ефект со кој се гарантираат честички помали од m, што е од исклучителна важност бидејќи поголемите честички немаат терапевтстко дејство. Дишниот проток пак, е зголемен за 140 отсто во споредба со стандардните инхалатори, што обезбедува поголем број на честички да стигнат до белите дробови.

Инхалаторите се достапни во продажба во аптеките Бета Фармација.

За дополнителни информации и нарачки јавете се во аптеките Бета фармација на 02/ 32 27 220 или 32 56 799 или на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/Beta-Pharmacia-155903734506218/

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...