Русија воведе финансиски санкции за политичката елита на Украина

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска потпиша декрет со кој се воведуваат санкциите, а образложени како контра-санкции, изготвени како одговор на украинските мерки против Москва.

65

Русија денеска воведе опсежни финансиски санкции за политичката елита на Украина, замрзнувајќи ги руските средства на стотици политичари и десетици бизниси во сопственост на големи украински бизнисмени.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска потпиша декрет со кој се воведуваат санкциите, а образложени како контра-санкции, изготвени како одговор на украинските мерки против Москва.

Во декретот се наведува дека предмет на санкциите се 322 лица и 68 бизниси, вклучувајќи ги и поранешната премиерка Јулија Тимошенко и синот на претседателот Петро Порошенко.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...