На денешен ден пред 25 години Европска заедница беше преименувана во Европска унија

84

На денешен ден пред 25 години стапи на сила  Договорот од Мастрихт, со кој дотогашната Европска заедница беше преименувана во Европска унија и со кој се утврдени конвергенциските критериуми за влез во Економската и монетарната унија и воведување заедничка валута.

Договорот, со кој е создаден нов политички ентитет – ЕУ , стапи на сила 1 ноември 1993 година. Договорот од Мастрихт настана по распадот на Советскиот Сојуз и обединувањето на Западна и Источна Германија.

Договорот 7 февруари 1992 година го потпишаа претставници на 12 држави: Белгија, Данска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија и Обединетото Кралство. Отогаш уште 16 држави пристапија во ЕУ и ги прифатија одредбите од Договорот од Мастрихт или  договорите што следеа по него.

Европска унија е опишана како ентитет сочинет од три столба: првиот столб го сочинуваат три постоечки европски заедници – Европска заедница за јаглен и челик, Европска економска  заедница и Европска заедница за атомска енергија.

Вториот столб го сочинува системот на заедничка надворешна и безбедносна политика, а третиот ја опфаќа сферата, која се однесува на правосудството и внатрешната политика.

Со тој договор е наложено воспоставување монетарна унија со посредство на воведување единствена валута во три чекори, најдоцна до 1 јануари 1999 година. Европската комисија прва ја изнела идејата за единствена валута во раните 60-ти години на 20 век. Тој проект бил прекинат поради нестабилните економски услови во 70-тите години.

Европските челници повторно почнаа да ја разгледуваат идејата за единствена валута во 1986 година, а 1989 година се одлучија за премин во три фази.

Со договорот за Европската унија државите членки воедно означија нова етапа во интегрирање на народите во Европа и се поцврста Унија, во која одлуките се донесуваат што е можно поблиску до граѓаните.

Со договорот е зајакната улогата на Европскиот парламент во законодавниот процес и се воведува постапка на соодлучување, се прошируваат областите во кои се одлучува со квалификувано мнозинство и принципот на второстепено одлучување е воспоставен како општ принцип на ЕУ.

Иако критериумите се прекршени повеќе од 200 пати, казна не е изречена ниту еднаш.

Откако е потпишан Договорот од Мастрихт, европските држави станаа поповрзани додека некои подрачја на политиката, на пример економска и фискална политика, и натаму се во национална надлежност.  Европските челници се одлучија да преземат и дополнителни чекори заради натамошна интеграција меѓу европските држави:

-Пакт за стабилност и раст склучен 1997, со цел да се осигура државите да се придржуваат на здравите буџетски политики.

-Европски стабилизациски механизам е основан со цел давање финансиска помош на државите од европското подрачје, кои се наоѓаат во сериозни финансиски потешкотии или им претстојат такви потешкотии.

-Единствен надзорен механизам и Eдинствен санациски одбор се основани по финансиската криза со цел европскиот банкарски систем дополнително да се осигура и за да се зголеми финансиската интеграција и стабилност.

Денес повеќе од 510 милиони граѓани од 28 држави членки ги уживаат погодностите на европската соработка. А 25 години откако е договорен планот за негово воведување, еврото стана втора светска валута со која најчесто се тргува и дел е од секојдневието на 340 милиони граѓани во 19 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...