Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е „запрепастен“ од сличноста на сегашната ситуација со таа од 30-тите на минатиот век, повикувајќи на „разум“ и „отпор“.
– Запрепасетен сум од сличноста меѓу времето во кое живееме и периодот меѓу двете војни – рече Макрон.
Тој го изјави ова на маргините на изложбата посветена на Жорж Клеменсо, француски претседател на почетокот на 20 век.
– Гледаме дека Европа е поделена поради страв, затворање во национализам и последиците од економската криза, речиси системски повторно се јавува сето она што го обележувало животот на Европа од крајот на Првата светска војна до кризата од 1929 година – вели претседателот Макрон.
Тој додаде дека „треба тоа да го имаме на ум, да бидеме разумни и да знаеме како да му се спротивставиме со демократска и републиканска одлучност”.
Францускиот претседател се подготвува за прослава на стогодишнината од крајот на Првата светска војна со посета на местата на големите битки на север и исток од Франција, која започнува в недела и завршува за една седмица.