Полета првиот авион од најголемиот аеродром во светот ВИДЕО

517

Од новиот аеродром во Истанбул, кој завчера беше свечено пуштен во употреба и важи за најголем на светот, полета првиот авион, и тоа кон Анкара.

Истанбуслкиот „Гранд“ аеродром се предвидува до 2028 да има капацитет од 200 милиони патници. Со тоа овој аердром ќе стане најголем во светот , со што ќе му го одземе приматот на аеродромот Хартсфилд – Џексон во Атланта , САД. Овој аеродром минатата година имала капацитет од 104 милиони патници годишно.

Вредноста на турската инвестиција е 11,6 милијарди долари. Аеродромот во Истанбул ќе биде пуштен во целосна употреба на 29 декември.

До тогаш од новиот аеродром ќе полетуваат авиони само кон Анталија, Измир, Северен Кипар и Азербејџан. Во меѓувреме ќе биде во функција аеродромот ,,Ататурк”.

По целосното префрлање на авионскиот сообраќај на новиот аеродром , делови од сегашниот ќе бидат пренаменети во јавен парк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...