Поради лошото време кое ја зафати Шпанија, во пристаништето во Барселона дошло до несреќа во која , како што јавуваат шпанските медиуми, никој не е повреден.
Поради силниот ветер и брановите, траект се забил во пристаништето. Траектот превезувал патници и удрил во делот над кој бил голем кран кој паднал и предизвикал експлозија на пристаништето.
Траектот удрил во еден крај кој се урнал и делумно паднал во морето, додека под делот кој останал на пристаништето дошло до експлозија. Работниците кои биле во близина успеале да се тргнат пред експлозијата.
Од синдикатот тврдат дека до несреќата дошло поради лошото време.