Челик: Убиството на Кашоги не можело да биде извршено без инструкции „од високо ниво“

88

Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул не можело да биде извршено без инструкции „од високо ниво“, изјави денеска портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Омер Челик.

– Кој ја дал наредбата? Тука не станува збор за акција која можела да биде извршена без инструкции од високо ниво. Ние не обвинуваме никого, но нема да толерираме никаква операција за прикривање и тоа треба да биде јасно – истакна Челик на прес-конференција во Анкара.

Тој, исто така, оцени дека се доведуваат во прашање и изјавите на Ријад дека саудиската држава не знае каде е телото на новинарот.

– Не е можно тие да не се информирани за тоа – рече Челик, истакнувајќи дека саудискиот конзул во Истанбул, кој се вратил во Ријад неколку дена по убиството, недвосмислено ги споделил овие информации со саудиските власти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...