Според податоците на хрватскоот Хидрографски институт во понеделникот на неколку места на Јадранското Море биле измерени бранови со височина од рекордни девет метри.
Брановите биле измерени со посебни методи на територијата на Ровињ, Сплит, Плоче и Дубровник. Во близина на Ровињ биле измерени бранови високи осум метри со зголемено ниво на морето од 4,57 метри.
Рекордно високи бранови се забележани во близина на Дубровник од 9.03 метри со ниво на морето од 4,55 метри во период од 9,5 секунди.
Ваквите податоци се корисни за утврдување на сигурноста на бродскиот сообраќај и изготвување на безбедносните препораки. Во понеделникот беше запрен целиот бродски сообраќај , а силното невреме предизвика големи проблеми и штети и на копното.