Македонија го подобри рангирањето за една позиција во извештајот на „Дуинг бизнис“ на Светска банка што денеска беше објавен. Министерот за финансии Драган Тевдовски истакнува дека како земја е важно дека сме високо рангирани и оти Македонија не назадува како што вели опозицијата.
– Во однос на извештајот „Дуинг бизнис“, Македонија го подобри рангирањето за една позиција. Тоа е спротивно на она што опозицијата долго време зборуваше дека Македонија ќе назадува во ова рангирање. На подобрување на реглативата работеа многу луѓе во Министерството за финансии и други институции, но најважно е тоа што го правевеме како Влада што не се мери во „Дуинг бизнис“, а тоа е за разлика од порано што не постојат оние политички притисоци врз бизнис-секторот – изјави министерот за финансии Драган Тевдовски одговорајќи на новинарски прашања по завршување на Конференцијата што ја организираа МФ и Светска банка.
Тој додаде дека доколку се гледаат различни елементи, поврат на ДДВ се врши технички без селективност и брзо. Има поддршка за домашните бизниси, што покажува дека важно приватниот сектор да има еднакви и фер можности и да оди напред.
Тој оцени дека е важно таа регулатива да се држи за да има поволна клима за инвеститорите, за кои и е наменет извештајот Дуинг бизнис.
– Тие секогаш кога зборуваме прашуваат до каде се преспективите за приклучување кон ЕУ и НАТО, дека после интеграција на земјата во НАТО заедно со добро рангирање на Дуинг бизнис членството во НАТО ќе биде најголема поддршка и придонес за подобрување на привлекувањето на инвестиции во Македонија – рече министерот.
Тој потенцира дека Владата работи на подобрување на регулативата и дека во изминатиот период е работено на многу области.
– Добар дел се прифатени. Дел од тие што се изработени ќе бидат прифатгени во идниот период. Како земја е важно дека сме високо рангирани повисоко од претходната година. Работиме и на други делови многу важни за да имаме подобро привлекување. Мислам дека членството во НАТО е најдобра гаранција за да инвеститорите инвестираат – истакна министерот.
Во денеска објавениот извештај Дуинг бизнис Македонија со индекс од 81,55 е рангирана на 10. место што е подобрување за една позиција во однос на претходната година. Рангирањето е правено врз основа на 10 критериуми, а се опфатени 190 земји во светот.