Обвинителство на Турција: Кашоги е задавен веднаш по влегувањето во Конзулатот

423

Турското Обвинителство денеска соопшти дека саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги е задаваен веднаш откако влегол во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Обвинителите истакнаа дека потоа телото на Кашоги е распарчено.

Во соопштението од Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, Ирфан Фидан се посочува дека разговорите со претставниците на Обвинителството на Саудиска Арабија не ги дале „конкретните резултати“ и покрај „добрата волја“ на Турција да се открие вистината.

Денешното соопштение на Обвинителството во Истанбул е прва јавна потврда на турските претставници дека Кашоги е убиен кога влегол во Конзулатот на 2 октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...