„Вовед во анатомија“ останува без двете омилени лекарки

741

Серијата „Вовед во анатомија“ ќе остане без две лекарки на крајот на 14-тата сезона. Како што денеска јавија американските медиуми, Џесика Кепшоу и Сара Дру заминуваат од серијата по завршувањето на оваа сезона.

Џесика го играше ликот на доктор Аризона Робинс во текот на 10 години, додека Сара Дру го толкуваше ликот на Ејприл Кепнер девет сезони. Одлуката е заснована на креативната насока во која серијата ќе оди во текот на 15-тата сезона, која ќе се емитува од наредната есен.

„Тешко ми е кога и да треба да се простам од ликовите. И Аризона и Ејприл не само што беа омилени, туку и историски личности – ЛГБТ и христијанската заедница немаат многу претставници на телевизијата. Засекогаш ќе им бидам благодарна на Џесика и на Сара, бидејќи ги оживеаја овие ликови и со тоа ги инспирираа жените ширум планетата“, рекла во соопштението креаторката на серијата, Шонда Рајмс.

Двете актерки се простија од обожавателите на Твитер, објаснувајќи дека во наредните недели ќе ги снимаат последните епизоди. Фановите, пак, се бесни поради Елен Помпео која ја игра Мередит Греј, бидејќи таа потпиша нов двегодишен договор за вртоглава сума.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...