Барлоу: Продуцентите на Х Фактор правеа драма од ништо

225
ФОТО: Инстаграм

Пејачот од Тејк Дат, Гери Барлоу во својата автобиографија наречена „A Better Me“, покрај другото, зборувал и за тоа како е да се биде член на жирито во популарното британско музичко шоу Х фактор, пренесува „Космополитан“.

Многу од продуцентите биле заменети сега, но тој тврдел дека во минатото тие пробувале да направат драма од ништо со тоа што им давале предлози на членовите на жирито што да кажат.

„Половина час пред да почне да се емитува шоуто во живо, ќе дојде некој продуцент и ќе рече „Таа Миша … Таа е насилник. Не ми се верува. Таков насилник. Знаеш што? Би требало да го кажеш тоа. Додека се емитува емисијата во живо. Таа ги малтретираше сите цела недела“, а потоа штом Миша ќе се појави, Тулиса и Луис (членови на жирито) ќе речеа „Јас мислам дека ти си насилник““ напишал тој во книгата.

Дали имаше прислушкувачи во соблекувалната – прашува тој, бидејќи јавноста знаела се, од што се разговара зад сцената, па се до кој што јадел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...