Експлозивната направа која денеска експлодира во седиштето на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Архангелск, северна Русија, била внесена во зградата од 17-годишен локален жител, кој загинал откако ја активирал, соопшти полицијата.
„Според прелиминарните податоци, тинејџерот користел рачно изработена експлозивна направа. Неговиот идентитет е утврден“, се наведува во соопштението, во кое нема детали за сторителот.
Тројца вработени од локалната канцеларија на ФСБ беа повредени во експлозијата. На местото работат истражители и криминалисти, кои ги распрашуваат сведоците и собираат материјал за експертиза.
Формирано е кривично дело за терористички напад и незаконско носење на оружје.
– Случајот ќе биде под истрага од централниот апарат на Истражниот комитет во Москва, кој ќе го истражуваат кругот на познати на момчето и неговите евентуални мотиви – изјави портпаролката на федералната истрага Светлана Петренко.
ФОТО: МИА