Брамерц: Србија и Хрватска не смеат да бидат засолниште за воени злосторници

61
ФОТО: МИА

Серж Брамерц, обвинител од Механизмот за Меѓународни кривични трибунали (ММКТ) во Хаг предупреди на неприфатливата пракса на величање личности осудени за воени злосторства на подрачјето на поранешна Југославија. Тој изрази незадоволство од тоа што обвинетите за вооени злосторства во БиХ ја избегнуваат правдата со тоа што бегаат во Хрватска или Србија.

– Тоа е она што ја подрива регионалната соработка. Како ќе ги мотивирате истражителите и обвинителите да процесираат лица од своја националност кога имате политички лидери кои јавно зборуваат за осудени злосторници на начин што ги величаат, ги повикуваат на јавни настани и јавно ги воздигнуваат? Тоа е целосно неприфатливо – рече Брамерц во интервју за сараевскиот портал „Кликс“.

Тој потенцира дека оние кои се процесуирани за воени злосторства на ниту еден начин не можат да се сметаат за херои, бидејќи се одговорни за убиства, грабежи и силувања.

– Тие поединци, кои се величаат како херои се токму она најлошото што општеството го произвело – вели Брамерц.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...