Австралиската манекенка Кејт Вејсли објави видео на Инстаграм, со коешто покажува како со Фотошоп се прави совршена фотографија.
– Сите се споредуваат со други, но честопати тоа не е чесна битка. Инстаграм не е вистински живот – прокоментира Вејсли.
Таа вели дека не треба да се споредуваме со некој што најверојатно ги споделува само „најубавите моменти од својот живот“, зашто друштвените мрежи служат само за тоа.
Вејсли постојано го промовира тнр. позитивен став за женското тело, поради што досега има речиси 280.000 следачи, а се најде и на насловната страница на престижното списание „Спортс Илустрејтед“.