Градот Загреб им ги простува режиските долгови на богаташите

Весникот „Јутарњи лист“ објави дека најголем дел од наведените на листата имаа долг поголем од милион куни, а рекордерот има 40 милиони куни, вкупен долг.

143

Градот Загреб ќе им прости на граѓаните долговите до 10.000 куни за комунални услуги, чии сметки се блокирани и се под закана за запленуаање. Потегот предизвика големи реакции во јавноста бидејќи не постои социјален или имотен цензус, па така долгови ќе им се простат и на магнати, фудбалери и дилери на оружје, објави весникот „Јутарњи лист“. (1 куна =0,13 евра)

Откако на 21 јули стапои во сила Законот за отпишување долгови на физички лица, Градот им ги отпишува долговите и на оние кои никако не можат да влезат во категоријата социјални случаи.

Весникот „Јутарњи лист“ објави дека најголем дел од наведените на листата имаа долг поголем од милион куни, а рекордерот има 40 милиони куни, вкупен долг.

Поранешниот генерал на хрватската армија, Владимир Загорац, осуден за разни злосторства во Хрватска и Австрија, е на листата за бришење на долгот за комунални услуги. Најпознат е по кражбата на дијаманти. Во 2006 година, Загорац се најде на листата на 50 најбогати Хрвати со дури 26 милиони евра лично богатство.

Долгот ќе му биде простен и на сопругот на заменик-премиерот и министерка за надворешни и европски работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ, кој е директор на МЦЦ. На листата се и фурбалерите Звонимир Бобан како и спортските работници Зоран Мамиќ и Дино Дрпиќ.

Контроверзниот магнат од Шибеник и плејбој Андрија Кевиќ исто така е блокиран, кој во 2015 година заврши во затвор за финансиски малверзации, а живее во два милиони евра вредна вила.

Комуналии не платил Звонко Зубак, моќен дилер на оружје, чие богатство беше проценето на 71 милион евра.

Сметки не ги плаќал дури и најуспешниот хрватски возач на автомобили Нико Пулиќ, а во блокада е наследник на замок вреден три милиони евра од семејството Вернер во Тушканац, која беше резиденцијален објект на Министерството за одбрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...