Поради бомба во Франкфурт евакуација на 16.000 луѓе ВИДЕО

118

Бомба од Втората светска војна е пронајдена во станбено – деловен комплекс во Франкфурт.

Поради опасноста од експлозија на бомбата, се планира евакуација на околу 16.000 луѓе. Бомбата била најдена вчера во тек на реконструкција на комплексот.

Тежината на бомбата се уште не е позната , а се евакуира населението , кое живее во радиус од 700 метри. До осум часот вечерва ќе треба да бидат евакуирани сите 16 000 жители.

Според соопштението од железницата по 19 часот вечерва нема да минуваат возови низ тоа подрачје. Работата околу обезбедувањето на бомбата би требало да заврши до 1 часот по полноќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...