Специјалниот обвинител Џек Смит престојува во прва посета на Косово каде ќе се сретне со раководители на меѓународни организации, претставници на земји членки на ЕУ и со косовскиот министер за правда Абељард Тахири.
Смит стапи на должност на 11 септември годинава.
Американскиот обвинител, со искуство во политички истраги на високо ниво, како и меѓународни кривични истраги, го наследи Дејвид Швендимен, кој беше првиот специјален обвинител и претходно главен обвинител на Специјалниот истражен тим. Швендимен си замина од функцијата кон крајот на март, кога му истече мандатот.
Специјалното обвинителство спроведува истраги за злосторства наведени во извештајот на Парламентарното собрание на Советот на Европа „Нечовечко постапување со луѓе и недозволена трговија со органи на Косово“ од 2011 година.
ФОТО: Викимедија