Младата Русинка Ангелица Кенова стана Инстаграм-хит, затоа што буквално изгледа како кукла. Како што вели, иако е на самиот праг на своите 30-ти, нејзините родители сѐ уште речиси целосно го контролираат нејзиниот живот, па тоа, главно, и овозможило да има изглед на барбика.
– Родителите ме израснаа како принцеза и никогаш не смеев да излегувам со момчиња и слични вообичаени „возрасни“ искуства. И така, јас не сум подготвена за животот и живеам како кукла – вели таа.
Но, нејзиниот изглед, поради којшто всушност има толку многу следачи на Инстаграм, се должи на фитнес вежбите кои ги одработува со свој тренер уште од тинејџерските години.
ФОТО: МИА