Брза и сигурна интервенција врз зголемената телесна тежина

553

Сѐ со текот на времето се менува, па и диетите. Класичниот пристап за редукција на телесната тежина преку „благ калориски дефицит и зголемена телесна активност“ станува конзервативна метода која била популарна уште пред 50 години. Тоа не значи дека не е успешна, но оттогаш до денес, начинот на живот и исхрана многу е променет, па време е да се менуваат и диетите.

Во потрага по нов рецепт за слабеење, се појавуваат бројни диети кои не ги задоволуваат предизвиците на современиот човек. Затоа, Европската агенција за сигурност на храната (EFSA) донела потполно нова идеја – „тотална измена на исхраната“, односно донела научно мислење во форма на препорака и стандарди за минималните потреби на организмот за редукција на телесната тежина. Конечно се одобрени и помошните средства – растителното влакно коњак глукоманан за кое со научни студии е докажано дека помага при слабеењето.

Намалувањето на телесната тежина значи и намален ризик од болести! Првата генерација на диетата на современото време создаде неколку протоколи меѓу кои најдобро се покажа протоколот Noninvasive liposuction, кај нас познат како Липосукциска исхрана. Испитувањата покажале извонредни резултати – загуба на 7 до 10 отсто од почетната телесна тежина со само еден третман од 14 дена. Со такви резултати не може да се пофали ниедна стандардна диета, а особено што во фокусот на оваа диета е и сигурноста.

– Третманите ги задоволуваат енергетските и нутритивни потреби на организмот и не претставуваат никаква опасност за здравјето. Диетата трае само 14 дена, намалувањето на телесната тежина е од 7 до 10 отсто од почетната тежина, а се намалува ризикот од заболувања од низа болести поврзани со дебелината – тврди нутриционистот Кенан Мандра од компанијата International Health, компанија која го разви овој единствен програм за слабеење. Методот стана хит во целиот регион, поради брзите резултати, но тоа отвора други прашања – има ли јојо ефект?

– Липосукциската исхрана е интервенција на зголемената тежина. Тоа е само првата фаза во промената бидејќи следува трајна промена на исхраната без која нема трајни резултати. Сите наши клиенти имаат иста идеја – да ослабнат брзо и да добијат мотивација, а потоа да внимаваат што јадат и така да ја одржуваат оптималната телесна тежина. Таа стратегија се покажа успешна – заклучува Мандра.

Советувалишта и центри за липосукција има и во Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3151714, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.

(промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...