Гугл може да воведе претплата за Андроид апликации

54

Многумина не се согласуваат да плаќаат за мобилните апликации, но Гугл може да има едноставно решение за овој проблем – да собере се во една претплата, пишува „Енгаџет“.

ХДА и Киера Квин открија истражување во „Гугл Опинион Ривордс“ што укажува на создавање на претплата за апликации наречена „Плеј Пас“ (Play Pass).

Според истражувањето, таа може да нуди апликации и игри во вредност од „стотици долари“, но во рамките на месечна претплата, чија сума не е прецизирана. Не е јасно кога „Плеј Пас“ ќе стане реалност, додава веб-страницата.

Ова не е првата претплата за апликации за Андроид, но може да биде најзначајна.
Истражувањата покажуваат дека Гугл Плеј не генерира доволно приходи од симнувања во споредба со Еп Стор на Епл. Овој потег може да ја намали разликата меѓу двете онлајн продавници, предизвикувајќи некои корисници на Андроид да платат достапна цена за претплата, наместо за еднократни исплати за одделни апликации.

Сепак, остануваат некои важни прашања. Како „Плеј Пас“ ќе одбере кои апликации ќе се најдат во „Плеј Пас“? Дали тоа значи дека ќе има сопствени „миленичиња“? Сигурно компанијата ќе мора да одговори на овие и многу повеќе прашања пред услугата е официјално да биде пуштена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...