Силен ветер, што предизвика бранови на отворено море високи и до седум метри, денеска го погоди јадранскиот брег на Хрватска.
Поради невремето во прекин се траект линиите од копното кон островите Вис, Хвар, Шолта, Брач, Корчула и Ластово.
Како што јави ХИНА, ветерот дувал со брзина од 50 до 60 километри на час.
Метеоролозите највуваат дополнително влошување на времето во текот на ноќните часови, но веќе од утре изутрина, според нив, претстои смирување на невремето.
За текот на ноќва се најавени ветрови со брзина и до 150 километри на час, како последица на приближувањето на студен фронт кој придонесува за зајакнување на југото.
Според хрватскиот метеоролошки завод, неизбежно ќе биде заплискување на крајбрежјето од бранови, кои можат да предизвикаат и поголема материјална штета, а постои опасност и од уривање на дрва.