Нов сомителен пакет испратен на Си-Ен-Ен

54

Нов сомнителен пакет адресиран до Си-Ен-Ен утринава бил пресретнат во поштата во Атланта, соопшти денеска првиот човек на телевизиската мрежа Џеф Захер.

Полицијата од Атланта потврди дека утрово по локално време реагирала на сомнителен пакет во поштата.

Закер информира дека целата пошта за Си-Ен-Ен се проверува надвор од просториите на телевизијата од минатата недела, кога беа испратени серија импровизирани бомби на политичари демократи или критичари на американскиот претседател Доналд Трамп. Една од овие бомби беше испратена во дописништвото на Си-Ен-Ен во Њујорк.

За попладнево е закажано првото сослушување на 56-годишниот Сизар Сајок, чии отпечатоци од прсти и ДНК, според истражителите, се пронајдени на испратените пакети.

Сајок, кој беше уапсен во петокот на Флорида, се соочува со пет федерални обвиненија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...