Како што соопшти локалната полиција, извршител на нападот бил ученик во истото училиште, кој пукал од огнено оружје. Напаѓачот набрзо бил совладан и уапсен.
Според полициски извори, ранетиот ученик е пренесен во болница, но засега не е познато „дали е момче или девојка“.
Полицијата информира дека станува збор за „изолиран инцидент“ и дека веднаш по настанот училиштето е затворено, но набрзо наставата продолжила според утврдениот распоред.
Претставник на училиштето изјави дека напаѓачот користел оружје во сопственост на полицаец.
Инцидентот се случил нешто пред 9 часот по локално време (15 часот по средноевропски време).
Во тек е полициска истрага за мотивите за нападот.