Вестбрук размени патика за пица (видео)

100
Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити, Расел Вестбрук, за време на НБА дуелот со Феникс на млад навивач му ја понуди својата патика за парче пица.

Камерите го уловија интересниот момент кој се случи зад клупата на Оклахома, каде се наоѓаше момчето кое јадеше пица. Тогаш Вестбрук се свртe и му ја понуди својата патика во размена за парчето пица. Момчето најпрвин се двоумеше, а потоа со насмевка ја прифати трампата на Вестбрук.

Оклахома го доби мечот со 117:110.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...