Во јануари земјава ја посетиле 30.253 странски туристи остварувајќи при тоа 60.879 ноќевања. Најголемиот дел 13.431 престојувале во Скопје. Најбројни биле туристите од Албанија 3.819, Грција 3.670, од Бугарија 3.562 и од Косово 3.107, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на странските туристи во однос на јануари лани е зголемен за 20,9 отсто, а кај домашните туристи за пет проценти. Бројот на домашни туристи во првиот месец од годинава изнесувал 19.094.
Вкупниот број туристи бележи раст од 14,2 отсто, а бројот на ноќевањата од 22,1 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 11,2 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 32 отсто.
Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на претходниот месец бележи намалување за 4,4 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,5 отсто.