Емина Јаховиќ jа призна врската со турскиот милијардер

1050

За романтичната љубовна романса меѓу турскиот милијардер Садетин Саран и популарната балканска пејачка Емина Јаховиќ долго се шпекулира, но една фотографија откри многу…

Садетин, откако ја запознал Емина со семејството, објавил нивна заедничка фотографија.

По крајот на бракот со турскиот продуцент и пејач Мустафа Сандал, убавата пејачка брзо нашла утеха во прегратките на богатиот бизнисмен. Но, Емина и Садетин својата врска јавно не ја покажувале, а на прашањата од медиумите одговарале со насмевка или молчење. Но овојпат биле невнимателни.

Бизнисменот на својот профил на Инстаграм објавил семејна фотографија на која Емина е покрај него. Популарната пејачка на фотографијата изгледа многу среќно и вљубено.

Според турските медиуми, ова е првата јавна потврда за нивната љубовна врска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...