Во мобилната телефонија 1,98 милиони корисници, 366.436 во фиксната  

56

Во првите три месеци од годинава во мобилната телефонија се регистрирани  1.988.376  активни претплатници, за 1,78 проценти помалку споредено  со истиот период лани. Претплатниците просечно иницирале 101,60 повици месечно, а во просек зборувале по 221,54 минути, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации.

Фиксна телефонија во првиот квартал годинава користеле 366.436 или за 1,20 проценти повеќе во однос на првиот квартал лани.  Целокупниот обем на сообраќај во фиксната телефонија во првиот квартал од 2018 година во однос на истиот од претходната година бележи опаѓање за 4,89 проценти, додека во однос на четвртиот квартал од 2017 година раст од 9,95 проценти. Во оваа телефонија месечно во просек имало 18 повици, а претплатниците просечно зборувале 47,38 минути.

Зголемување  од  1,96 проценти има и кај вкупниот број претплатници на ТВ услуги, односно за таква услуга биле претплатени 397.402.

Услуги врзани во пакет користеле 347.526 претплатници, или за 5,39 проценти повеќе споредено со првиот квартал лани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...