Блиц: Можно е 11 ноември да биде пресуден датум за преговорите Белград – Приштина

139

Преговорите меѓу Белград и Приштина можно е конечно да се приближат до решение на 11 ноември во Париз, каде Александар Вучиќ и Хашим Тачи можно е да разговараат со четирите најмоќни лидери во светот, објави Блиц.

Весникот наведува дека претседателот на Србија ќе има средба во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, а можно е и со претседтаелот на САД Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин, како и со Тачи.

Според весникот, на свеченоста по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна „почеток на патот кон трајно помирување можно е да најдат Србите и Албанците, чија историја на судири е подолга од еден век“. Весникот пренесува и изјави на аналитичари кои тврдат дека вклучувањето на Трамп и на Путин ќе донесе целосно нов формат на дијалогот што би бил поместен од Брисел и би бил извесна мировна конференција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...