Кралицата Елизабета на 95 години ќе му го препушти престолот на принцот Чарлс?

1472
ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Биографијата за кралското семејство од дворскиот аналитичар Роберт Џобсон открива дека британската кралица Елизабета за три години односно на 95-годишна возраст ќе го препушти владеењето со монархијата на принцот Чарлс.

Тоа е порано од она што се очекуваше со оглед на тоа дека уште во времето кога беше принцеза изјавуваше дека целиот свој живот ќе ѝ го посвети на својата земја.

Џобсон во книгата тврди дека кралицата рекла оти ако доживее 95 години сериозно ќе размисли за предавање на престолот.

„Нејзиното величество е свесна за своите години и сака да биде сигурна дека кога ќе дојде време за тоа, примопредавањето ќе биде осмислено“, пишува Џобсон.

ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...