Идентификувани жртвите од нападот во Питсбург

123

Единаесетте жртви од нападот во синагогата во Питсбург, Пенсилванија, се идентификувани.

Претставници на власта соопштија дека убиените се на возраст меѓу 54 и 97 години. Меѓу нив се браќа и брачна двојка.

Претходно беше соопштени дека се убиени три жени и осум мажи.

Сторителот на нападот Роберт Бауерс (46) беше ранет при престрелка со полицијата. Откако е приведен изјавил пред полицијата дека Евреите извршуваат геноцид врз американскиот народ и дека сака сите Евреи да умрат.

Во нападот што е случи во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург се повредени и над десет лица, од кои шестмина се полицајци.

Како што јави МИА, вчера напаѓачот влезе во синагогата и почна да пука и да вика „Сите Евреи мора да умрат“. Во синагогата за време на нападот имаше околу сто луѓе.

Американскиот јавен обвинител Џеф Сешенс најави дека Министерството за правда ќе подигне обвинение против Бауерс за злосторство од омраза и други злосторства кои би можеле да доведат до смртна казна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...