Актуелните случувања во Собранието околу уставните измени нема да го пролониграат донесувањето на ребалансот на Буџетот. Таква опасност нема и ребалансот ќе биде усвоен во законскиот рок, рече денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Според него, моментно Буџетот е во одлична кондиција и приходната страна се полни согласно предвидените проекции.
– Ако се сеќавате, дури и кога немавме ваква извесност за случувањата, јас реков дека ние сме подготвени за сите сценарија. Најбитното во моментов е дека буџетот е во одлична кондиција, може да видите од извештаите кои ние секој месец редовно ги објавуваме, многу транспрентно. Приходната страна на буџетот на Република Македонија е одлична, се полни согласно нашите проекции. Тоа е нјаважно – рече Тевдовски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.
Буџетот за следната година се подготвува и е во последна фаза, дополни министерот, нагласувајќи дека сите детали ќе бидат објавени кога, како што рече, ќе дојде време.