Напаѓачот Роберт Бауерс (46) вчера влезе во синагогата и почна да пука и да вика „Сите Евреи мора да умрат“. Во синагогата за време на нападот имаше околу стоо луѓе.
Бауерс по пукањето се предаде на полицијата и е во притвор.
Американскиот јавен обвинител Џеф Сешенс најави дека Министерството за правда ќе подигне обвинение против Бауерс за злосторство од омраза и други злосторства кои би можеле да доведат до смртна казна.
– Омразата и насилството на верска основа немаат место во нашето општество – истакна Сешенс.
Тој додаде дека таквите злосторства се за осуда и се во спротивност со вредностите на американската нација.