Вооружен маж денеска отвори оган во синагога во Питсбург, Пенсилванија. Најмалку осум лица се убиени, а шестмина се повредени, јави „Си-Би-Ес“.
Напаѓачот се предал и е приведен. Извор за „Си-Би-Ес“ навел дека напаѓачот е идентификуван како Роберт Бауерс (48).
При престрелка со напаѓачот повредени се четворица полицајци. Официјални претставници наведоа дека тие се надвор од животна опасност.
Напаѓачот пукал во синагогата „Дрво на животот“ и извикувал „сите Евреи мора да умрат“, посочиле полициски извори за „Си-Би-Ес“, наведувајќи дека тој веројатно бил вооружен со „АК 47“ и два пиштоли, како и дека се забарикадирал во една од просторииите на синагогата.
Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека секој што ќе изврши слично дело треба да биде казнет со смртна казна.