Ердоган: Нема воено решение за судирот во Сирија

178

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави по самитот за Сирија дека не постои воено решение за судирот во Сирија.

Тој додал дека спроведувањето на договорот меѓу Русија и Турција за сирискиот Идлиб ќе овозможи да се спречи хуманитарната криза.

Ердоган истакнал дека Турција нема да дозволи присуство на терористи во било која област во Сирија.

Мултилатералниот Самит на лидерите за Сирија дал импулс за завршување на сириската трагедија, додал турскиот претседател.

Престедателот на Русија Владимир Путин изјавил дека Самитот во Истанбул се одржал во работна атмосфера и дека е сработена сериозна работа.

Тој нагласил дека е усвоена заедничка изјава на Русија, Франција, Германија и Турција за решавање на ситуацијата во Сирија. Овие држави се обединети во тоа дека решавањето на кризата во Сирија е можно само со политичко-дипломатски средства.

Тој додал дека е неопходно да почне да работи Уставниот одбвор на Сирија и дека дошло време за реформи во таа област.

Рускиот претседател навел дека Русија го задржува правото да помага на Дамаск во ликвидирањето на терористичките закани од Идлиб во случај на провокација.

Лидерите на Германија, Русија, Турција и Франција, Ангела Меркел, Владимир Путин, Реџеп Таип Ердоган и Емануел Макрон држат заедничка прес конференција по Самитот за Сирија во Турција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...